Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Хрватска му го зеде угостителскиот кадар на Охрид

Хрватска му го зеде угостителскиот кадар на Охрид

Сподели

Главниот туристички центар  се соочува со недостиг на работна сила.

Најголема побарувачка има во угостителството. Секојдневно се појавуваат огласи по социјалните мрежи дека се бараат кувари, готвачи, помошници во кујна,салатери, бармени, собарки, хигиеничарки  и слично. 

Рестораните, хотелите, кафе баровите и туристичките апартмани кубурат со работници.

Ако во минатите години тој кадар се надополнуваше со вработувања од цела Македонија, особено од источниот дел на земјава, во текот на летните месеци, денес голем дел од нив заминуваат да работат  во странство. 

-„Цело лето се соочуваме со недостиг на персонал. За солидни дневници  не сакаат да работат. Поголемиот дел од квалификуваните кувари заминуваат странство. Толку се нашите можности, толкав е животниот стандард ние не моежеме да им понудиме 50 евра дневница. Парите се главниот мотив што заминуваат“, велат познати угостители од градот за Охриднет. 

-Во минатото доаѓавме во Охрид во текот на летото за да заработиме. Добивавме дневница од околу 25 евра за кувар, но поисплатливо е да се оди во странство, таму се двојно поголеми дневниците. Последните години одам во Хрватска или Полска  работам во елитни хотели, во поубави услови, а заработувам доволно да може да покријам дополнителни трошоци кога ќе се вратам дома“, вели кувар од Кочани за Охриднет. 

Неблагодарна е работата во угостителството и туризмот во Охрид, коментираат особено помладите, кои не гледаат иднина тука.  Клучен проблем е немањето слободен ден, одмор, осигурување преку целата година и слично. 

Угостителите се немоќни да понудат пристојни услови за работа во текот на целата година, бидејќи прекратка е туристичката сезона, па затоа вработувањата им се претежно од сезонски карактер.  

 новинар Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK