Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Туристички водич од Охрид искасан од куче скитник

ФОТО: Туристички водич од Охрид искасан од куче скитник

Сподели

Туристички водич од Охрид е еден од осумтемина,  кои на 16 ти август, биле нападнати од куче скитник и завршија на Инфективното одделение при општата болница.

-„ Од чиста мира, воопшто неочекувано додека водев туристи големо куче ми се доближи, зар`жи и ме касна на  ногата под коленото. Откако ги завршив обврските отидов во болница  на инфективно одделение , каде ми кажаа дека само тој ден имало осум пациенти каснати од кучиња. Примив инекција и случајот го пријавив во полиција“, вели Бранко Ѓоршески познат туристички водич од Охрид. 

Бездомните кучиња во градот горлив проблем ова лето. Голем број нападнати, каснати или во најмала рака испалешни туристи. Граѓаните апелираат до надлежните да преземат итни мерки за решавање на проблемот со кучињата. 

-„Мора да се изнајде ефикасен начин за решавање на овој проблем.Сите сакаме животни, но ова ги надминува сите граници. Чопори кучиња низ градот ги плашат  и охриѓани и гостите“, коментираат граѓаните. 

Спортист од Хрватска во јули беше исто така каснат од бездомно куче на градскиот плоштад во Охрид. 

Ова е кучето кое го нападна водичот: 

ФОТОГРАФИИ: 

 

автор Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK