Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ДОМ бара веднаш да почне акцијата за отстранување на дивоградбите

ДОМ бара веднаш да почне акцијата за отстранување на дивоградбите

Сподели

ДОМ остро го осудува самоволието и продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.

-„Бараме од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од Советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се започне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО.

Дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори, како што се довршувањето на инвентарот на нелегални градби, спроведените подготвителни активности за уривање на нелегалните објекти во заштитените подрачја, финализирањето на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и спроведувањето на Стратегиска оцена на животната средина од овој План“, пишува во рекцијата на партијата ДОМ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK