Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Хорор во охридско патничко комбе

Хорор во охридско патничко комбе

Сподели

31 годишна жена буквално се изживувала врз старица, ја исфрлила од комбето.

78 годишна жена била тероризирана, тепана а потоа исфрлена од патничко комбе кое сообраќало на релацијата Охрид-Мешеишта. Старата жена завршила со тешки повреди во болницата „Св.Еразмо“.
Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, информира дека „на 01.10.2019 година околу 19 часот, во полициската станица во Охрид, Д.В.(78) од селото Мешеишта пријави дека во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Охрид-Мешеишта, физички била нападната од А.В.(31) од селото Горенци-општина Дебарца.
- Оштетената, со возило на Итна медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде биле констатирани тешки телесни повреди. А.В. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK