Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Најстариот занаетчија во Охрид, кожарот Милан, има достоен наследник

Најстариот занаетчија во Охрид, кожарот Милан, има достоен наследник

Сподели

 93 годишниот  дедо Милан Белев е најстариот занаетчија во Охрид.

Осум децении го работи кожарскиот  занает. Во далечната  1939 година заминал да учи во Зајачар  соседна Србија, тогаш бил 12 годишно момче. Работел  чирак кај добар мајстор,  цели четири години. По враќањето дома самостојно почнал да работи во својот дуќан во охридската стара чаршија, заедно со својот брат. Прво изработувале опинци, торби и  правеле поправки на кожени предмети.

Со своите вешти раце и златен занет осумдесет години го хранел семејството.

 „Кога дојдов јас овде имаше пет шест дуќанџии тогаш занаетчии. После работевме заедно со брат ми, тој  учеше дуборезачка школа. 0246 Само опинци,  праевме поправки, торби, амови за коњи и тоа го работевме, и тоа помина нема веќе таа работа не бара никој. 0340 После тоа осноаа фолклорни друштва  Ѓердан , а птоа и странци со свои групи бараа и им пуштавме опинци и нив. И така тераше работата“, раскажува Милан Белев кожар од Охрид.

Тежок е занаетот , нема машини, се` е  рачна изработка. Нема производ без шест, седум часови  посветена работа.  Ниту еден чирак не сакаше да учи,  ниту пак  да работи, раскажува познатиот мајстор.

„Чирак не се појави, никој не сакаше да работи. Никој во толку години што работевме никој. Еднаш дојде едно дете рече сакате ученик, викаме сакаме. Рековме имаш татко да се договориме вика нема што татко ете  јас сум тука. И не дојде никогаш повеќе“, вели Белев.

Дуќанот на Белеви  е вистинска атракција, особено поради бесценетата вредност на рачно изработените влечки, ташни, колани, сувенири. Милан од честата комуникација со  холанѓаните научил и холандски јазик,  а имал и пријатели каде одел неколку пати на гости.

„Почнаа да доаѓаат холанѓани, со нив се запознававме и јазикот им го учевме. Странците ги ценат овие изработки. Сликаат и  пријатели се фативме им отидовме два пати во Холандија на гости,  на  покана од муштерии“, додава дедо Милан.

Денес е горд и среќен,  неговиот занает го наследуваат внукот Крсте и  неговата ќерка Елена, која со многу љубов и страст сака да ја продолжи семејната традиција. Дуќанот е преполн со модерни,  колоритни производи и наликува на малите кожени работилници во Фиренца.

-„Јас сум трета генерација наследник на дедо ми. На двајцата дедовци, татко ми па јас. Почнав првично пред три години да доаѓам во дуќанот заедно со него,  ми беше интересно. Доаѓаа многу туристи особено ми беше интересно да го гледам дедо ми како комуницира со холанѓаните и како го зборува нивниот јазик а тие се воодушевуваат. Решив да внесам амлку живост во дуќанот така што сите воие креации, ташни  и сандали се фактички моја замисла“, вели Елена Белева.

Од кај Белеви пазареле и славни личности. Дедо Милан им  правел по нарачка и кондури и папучи.

-„Можеби има 45 години од тогаш бевме на фудбал во недела одевме на фудбал и кога се вративме отворив на дуќан и влегоја двајца постари луѓе. Опинци сакаме , рече едниот рече  јас сакам папучи. Викам ќе направиме. Другиот што беше со него беше словенец ми вели  овој е амабасадорот на Бразил во Белград Југославија. Се запознавме ми беше драго му ги направив и му ги пратив папучите  беше задоволен се јавија рече многу се убави“раскажува Белев.

Врвниот мајстор има многу да раскажува за својата плодна и богата кариера. Безброј случки , имало и проблеми, но и смешни ситуации. Меморијата добро го држи, па ни раскажа и анегдоти. 

 „Опинци од гума правевме за селаните од гума шарена. Купи еден  во понеделник и отишол дома и мали ми се .Чекал другиот пазар во понеделник и доаѓа овде тогаш и тезга вадевме на пазар: И вели мали ми се опинците му давам поголеми ах овие ми се големи рече. Му ги давам истите вика ах  овие се токму како за мене се правени. Се погоди работата . Да се насмееме “ „, низ смеење раскажува дедо Милан.

Годините натежнале, но дедо Милан се` уште е во својата работилница.  Сега занаетот  полека го предава  на внуците, но здравјето добро го служи  па не се откажува да изработи некои сандали,  влечки или опинци.

Старата охридска чаршија во минатото била симбол на занаетчиството, имало седум кожари опинчари,  самарџии, ковачи, терзии, тенеќеџии...

Денес е  модерна чаршија,  во неа остана само еден кожар  дедо Милан и неговите наследници.

Текстот „Најстариот занаетија во Охрид, кожарот Милан, конечно  има достоен наследник“ е дел од  проектот ,, Охрид во духот на етно- традицијата,,  поддржан од Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој. 

 Новинар Соња Рилковска

ВИДЕО на ТВМ телевизија

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK