Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Божиноски: Институтот за филм во Охрид згаснува

Божиноски: Институтот за филм во Охрид згаснува

Сподели

Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за образование и наука не можат да обезбедат квалитетно образование, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Охрид Перчо Божиноски. 

-„Институтот за филм – Филмска академија Охрид во соработка со ФАМУ од Прага згаснува, а требаше да прерасне во меѓународно препознатлива високообразовна институција.
Академската година започна - настава нема, дури сега има целосно нефункционирање.
Какви мерки презедоа Владата и министерот за образование и наука, Арбер Адеми?
Дали МОН и пратеничката Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт знаат дека е причинета материјална штета врз студентите?
И минатата година помина без настава, а многу студенти од странство се веќе во своите земји без дипломи.
Зошто дозволивте првите дипломирани студенти да не ги земат дипломите?
Кој ќе преземе одговорност за прекинот на наставата, за неисплаќање на хонорарите на професорите како и за судбината на вработените?
ИФФА се соочува со повлекување на франшизата и целосно згаснување поради неодговорната власт на СДСМ.
Ако локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески кратат од образованието, неговите ментори не само што кратат без план туку и го разградуваат тоа што е направено. Со ваква власт нема да нѐ има на Шангајската листа, а ваквото уништување мора да се спречи за младите да не си одат од Република Македонија во потрага по квалитетно студирање.
Со СДСМ нема поддршка за образованието, нема поддршка на универзитетите и факултетите“, додаде Божиноски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK