Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ГДУ: После три години власт се уште не е реконструирана „Абас Емин“

ГДУ: После три години власт се уште не е реконструирана „Абас Емин“

Сподели

Преукопираноста на локалната самоуправа и градоначалникот со дивоградбите и УНЕСКО, им остава простор во јавноста дополнително да ги занемаруваат проблемите на охриѓани, обвинуваат од ГДУ Охрид. 

 

-Имено СДСМ кога ја доби локалната власт во Охрид, еден од приоритетите
беше санацијата на улицата „Абас Емин“, која ако не се лажеме им беше
ветување и на претходните. Така навршува и третата година од тоа
ветување, а истото е возобновено од актуелниот градоначалник. Чинам се
навикнавме на неговите најфамозни изреки, ЌЕ БИДЕ! и ДПМНЕ Е КРИВО!

До кога ли ќе слушаме кој е крив? До кога ли ќе се обвинуваат меѓусебно?
Доста не труевте со докажувањето кој е подобар, а кој полош. Aко некој
работел во Охрид тоа ќе се покажеше и немаше да тапкаме во место 28
години. Искрено се надеваме дека ќе бидете поразлични, но времето
покажува во другата насока, а таа ви е добро позната.

Ја спомнуваме улицата „Абас Емин“ но не би требало само таа да се
спомнува, бидејќи поголемиот дел на улиците во градот не се ништо
поразлични. Каде се катните гаражи? До каде е одобрението за
стационарот? До каде се новите сали? Зарем и после 3 години немате
одговор на овие прашања? Уште колку време ви треба за да го исполните
ветеното?

Во име на ГДУ и во име на нашите сограѓани само ќе ве потсетиме дека вие
не ги реконструирате и обновувате улиците со ваши пари и пари на вашата
матична партија, туку наши пари за кои ние плаќаме даноци. Откако сте
градоначалник имавте 10-тици патувања, 30-40 ручеци и пикници, 20-тина
коктели и журки и редно време е да се посветите на ветената програма и
малку да поработите, рече на прес конференција Симеон Симоноски од ГДУ. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK