Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се збратимија техничките училишта од Охрид и Ваљево

Се збратимија техничките училишта од Охрид и Ваљево

Сподели

На покана од директорот на „Техничка Школа“ – Ваљево , Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето на 05.10.2019 година, присуствуваше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид предводена од директорот Сашо Недески.

 

„Техничка Школа“ – Ваљево започнува со работа на 05.10. 1939 година како електромашинска школа во просториите на Гимназијата и Основното Училиште. Генерацијата на ученици запишани во 1959 година започнуваат со настава во новата зграда каде што наставата се изведува и денес. Од 27 јануари 2007 година училиштето го носи името „Техничка Школа“. Во училиштето се образуваат ученици во четири струки и тоа: машинство и обработка на метали, електротехника, геодезија и градежништво и сообраќај.

Оваа година прославуваа јубилеј 80 години од нејзиното постоење. На Свечената академија која се одржа во Домот на култура присуствуваа претставници од Министерството за образование на Србија, Локалната самоуправа како и претставници од стручни училишта од Истанбул, Велење, Ниш, Суботица, Белград како и претставници од компаниите соработници на училиштето.

По повод јубилејот беше објавена и Монографија за „Техничка Школа“-Ваљево
На другарската вечер, која се одржа во клубот во состав на училиштето беше потпишана повелба за збратимување од страна на директорите на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид и „Техничка Школа“ – Ваљево. Притоа беа договорени активности во смисла на посета на ученици и професори на двете училишта, посета на часови, одржување на меѓусебни спортски натпревари,како и запознавање со културата и историјата на градовите Охрид и Ваљево.

Посетата заврши со желби за успешна и трајна соработка.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK