Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Голем хуманитарен концерт за нашата Јана

Голем хуманитарен концерт за нашата Јана

Сподели

Јана ја продолжува својата храбра битка, својот најважен маратон, продолжува како преголем борец и како победник - бидејќи ги има сите хумани срца како соборци и сојузници.

 

Собрани се нешто помалку од 70.000 од потребните 213.329 евра за итно потребната имунотерапија во Барселона и битка за победа над реткиот канцер адултна неуробластома.

Затоа е неопходно сите заедно да продолжиме со силно темпо, со ширење на пораката, со објавување на повиците, со учество во настаните. Бидејќи Јана тоа го заслужува.

Институциите затаија, но ние не се откажуваме. И Јана може да се потпре на нас, бидејќи Охрид е хуман. Охрид може и знае како.

Затоа, пријатели и познаници, ве покануваме во најголем можен број. Да ги срушиме рекордите на посетеност на Центарот за култура. Дојдете сите. Старо, младо, машко и женско, љубители на музиката и големи хуманисти, сите прекрасни срца од цела Македонија кои во моментот ќе се наоѓате крај езерото, дојдете на големиот хуманитарен концерт за помош и донирање надеж за нашата Јана Арсовска.

ЗАЕДНО ЗА ЈАНА!

Настапуваат: ФОЛТИН, ЧЕТКАР, КАМЕЛЕОН И ЃОКО ТАНЕСКИ

Локација: Центар за култура Григор Прличев,
Датум: Сабота 12-ти октомври
Старт: 19:30 часот (ќе почнеме на време, затоа ве молиме бидете точни)

Влезниците по цена од 300 денари се продаваат во Music shop ZZ Top, тезга „Аждер“ - градска чаршија и на каса пред концертот.

На концертот ќе се продаваат пијалаци, шолји со логото на кампањата и маички - и, се разбира, сите пари ќе бидат уплатени на сметката на нашата Јана. Ќе има и кутии за донации, каде секој кој сака ќе може да донира нешто повеќе од симболичната цена на картата.

Благодариме на сите учесници во настанот. Од прв до последен, од прекрасните музичари, преку Центарот за култура, па се до луѓето задолжени за осветлување и озвучување на концертот, до нашите медиумски помагачи и движечка сила на гласот за овој настан, како и производителите на се друго што ќе се продава... сите до еден во овој хуманитарен настан се вклучија веднаш без двоумење и волонтерски. Ви се поклонуваме и ви благодариме!

Затоа, луѓе... ајде да направиме подвиг. Ајде да направиме добрина, ајде да донираме надеж.

Сите ЗАЕДНО ЗА ЈАНА!

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK