Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Реакција на општина Охрид во однос на обвинувањата за негрижа кон детските игралишта

Реакција на општина Охрид во однос на обвинувањата за негрижа кон детските игралишта

Сподели

Со ширењето на Вашите лажни обвинувања ни давате можност да ја запознаеме целата јавност, каде се реконструирани детски игралишта на територијата на Општина Охрид. Ние работиме посветено и не се фалиме со соопштенија за извршените реконструкции и санации бидејќи тоа е обврска на секоја одговорна власт и секое одговорно раководство, одговорија од Општина Охрид на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ. 

 

-„Во текот на 2019 година извршени се санации и реконструкции на детски игралишта во населбите: „Воска“, „Даљан“, „Гоце Делчев“ и „Христо Узунов“, во селото Пештани, на улицата „Јане Сандански“, кај мостот „Студенчишта“, на пешачката патека кон „Парк“, како и на детското игралиште во Градскиот парк и ОУ „Григор Прличев“. За санирање и реконструкција на детските игралишта беа ангажирани вработени од Јавните претпријатиа и беа потрошени вкупно 290.000 денари.

Исто така извршена е санација на спортските игралишта во селата Долно и Горно Лакочереј за што беа потрошени 618.131 денари. Вкупно 998.186 денари беа вложени за изградба на нови детски игралишта во селата Велгошти и Подмоље и за повеќенаменското игралиште на улицата „Коста Абраш“, во населбата „Варош“. Воедно сакаме да Ве информираме дека овој месец заврши изградбата и санацијата на детското игралиште во дворот на училиштето во село Лескоец, а во тек се планирања за санација и изградба и на други детски игралишта.

Јавно Ве замолуваме, наместо да се насочувате во манипулирање на јавноста, треба вистински да бидете посветени на младинските политики и треба да започнете да преземате активности за едуцирање на најмладите во насока на зачувување на јавните добра. Вашата младинска енергија, наместо за организирање и одржување на прес-конференции и ширење на дезинформации, треба да ја насочите во организирање на креативни активности поврзани со детските и спортските игралишта. Секој од нас, со работа и со конкретни дела треба да покаже и докаже дека се грижи за јавните добра , кои се од корист за сите жители на територијата на Општина Охрид.
Фотографиите кои ги испраќаме во прилог докажуваат кој работи, а кој ја манипулира јавноста“, стои во реакцијата од општина Охрид. 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK