Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Златен медал за охридските ученици на „Taste Крушево“

Златен медал за охридските ученици на „Taste Крушево“

Сподели

Учениците од охридското угостителско училиште со златен медал од натпреварот „Taste Крушево“.

 

Неодмна  во Крушево се одржа Taste Krusevo - Food and cultural Festival,  фестивал на храна и култура. Покрај промоцијата на традиционалната крушевска храна се одржаа и натпревари во повеќе дисциплини. ОУТУ" Ванчо Питошески " - Oхрид зеде учество во две категории: - Штанд на тема " Храна и Култура "на поднебјето од каде учесниците доаѓаат и подготовка на промотивно видео за црквата " СВ.НИКОЛА " во Крушево.       Учениците од ОУТУ " Ванчо Питошески " Димитар Дуноски II година  УГ.Т и Ерол Брзев II година, под менторство на Марија Ристеска проф. по стручни предмети, и Анита Богданоска проф. по германски јазик, припремија штанд преку кој ја претставија културата и храната со кој Охрид е препознатлив. Воедно подготвија и видео презентација за Охрид со силна моќна порака: " Да го сочуваме Охрид на мапата на УНЕСКО".

За одличната видео презентација учениците се закитија со златен медал. Ученикот Дарко Соколески II година занимање угостителски техничар изработи видео за црквата "СВ. Никола" во Крушево. Во текот на изработката на видеото ученикот ги користеше знаењата и вештините стекнати на обука за филм и режија КРЕФ, а во делот на текстот, фотофрафиите, веродостојноста на податоците под менторство на професорите Марија Ристеска, Анита Богданоска и Григор А. Жура видеото беше отценето од стручното жири и беше наградено како во техничкиот и промотивниот дел и освои златен медал.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK