Кривична за охриѓанец изнајмил три возила и не ги вратил
- Детали
- Објавено на Понеделник, 14 Октомври 2019 18:32
Охриѓанец изнајмил три возила и не ги вратил, заработи кривилн за затајување.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Х.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Во текот на март 2019 пријавениот од Р.П.(59) од с.Долна Белица, изнајмил три возила, кои требало да ги врати до 30.03.2019. Пријавениот не ги вратил возилата во определениот рок, со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.107.000 денари на штета на Р.П., информираат од МВР.