Нова сообраќајка на автопатот во изградба
- Детали
- Објавено на Вторник, 15 Октомври 2019 13:18
Во вчерашната незгода, повреден е моторциклист.
Вчера во 22.30 часот, на коловоз од автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на охридското село Подмолје, случена е сообраќајна незгода во која З.М.(20) жител на селото, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал.
- Притоа, тој се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Неодамна, речиси на истата локација се случи сообраќајка помеѓу возило и велосипедист.