Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ЈП „Колекторски систем“ од старт во долгови до „гуша“

ЈП „Колекторски систем“ од старт во долгови до „гуша“

Сподели

Започнува со работа ЈП „Колекторски систем“. Главното седиште ќе биде во Скопје, но ќе има три подрачни едици во Охрид, Струга и Ложани.

Канцелариите на новоформираното претрпијатие во Охрид  ќе бидат во новоизградениот затворен  градски пазар. 

За почеток ќе брои  63 вработените кои ќе бидат преземени од поделбата со МЈП „Проаква“. Најголем дел од нив административци многу помалку теренски работници. Државното претпрјатеието започнува со работа задолжено до гуша, открива директоот Владимир Алексијоски во дебатната емисија „Прашалник“ на ТВМ телевизија.

-„Најголемиот дел од долговите се по однос на електрична енергија и на кредитот на МЈП Проаква. Тие две ставки се земени во делбениот биланс. Негде околу 560 милиони денари ако не се лажам  ги презема новото државно претпријатие. И она што на почетокот го кажав  со ребалансот 130 милиони од тие средтсва ќе се уплатата на ЕВН за неплатената електрична енергија. Еден од клучните трошоци е електричната енергија за што веќе имаме разговарано и разговаравме пред неколку месеци начнавме како идеја да се псотавуваат фотоволтаици  на сите премуптни станици“, вели Владимир Алексијоски директор на ЈП „Колекторски систем“.

ЕВН треба да ја субвенционира струјата на Колекторскиот систем бидејки од Охридското езеро произведува струја,вели Сашо Донев.

 - „По однос на електричната енергија како најголем издаток со кој ќе се соочувате  како дидректор бидејки реалност е дека наплатата е мала додека почнете со наплата и додека соберете пари сметките ке си доаѓаат. Би би добро да се размислува ако државна фирма како ЕЛЕМ произведува од Охридското езеро енергија и прави милиони евра  таа согласно закон е должна да инвестира во животна средина. Еве ви пример нека си го презмет делот од долгот и нека субвенционираат“, вели Сашо Донев поранешен директор на ЈП „Нискоградба“.

Државното претпријатие ќе се финансира од наплата на сметки кои ќе ги добиваат граѓаните преку македонска пошта на домашна адреса. Алексијоски смирува нема да се наплаќаат повисоки сметки од досегашните.

-„Новото претпријатие ќе има свои сметки, кои ќе бидат издвоени од сегашните сметки на Проаква. Значи нема да има  никакво зголемување на цената која е во моментот ке биде и понатаму. Но тука размислуваме и на други моменти, планираме да ги најдеме и да ги регистрираме сите живи води. Во моментот Центарот за јавно здравје прави регистар на сите живи води и ние ќе го искористиме и ќе ги евидентираме и тие потршувачи ќе видиме дали ќе има паушал или ќе  најдеме начин да ги измериме точно сите тие живи води и ќе видиме колку го оптоваруваат  колекторскиот систем“ ,  додава Алексијоски.

Владата за реконструкција на колекторскиот систем, кој последниве години е пред колапс, издвои 183 милиони денари за тековната година. Санацијата  ќе започне  првенствено со чистење на секундарната канализација, а потоа санација на најкритичните места каде има прелевеање на фекалии  кај Подмолје, Далјан, Хотел Парк и Лагадин. Оштетените искршени цефководи ќе бидат рехабилитирани, а обраснатите со корени од дрвја исчистени.

На утрешната седница советниците по втор пат  ќе дадат „амин“ за поделба на  МЈП „Проаква“  и формирање на „Колекторски систем“ Скопје. Ова јавно претпријатие во иднина ќе стопанисува со сите колекторски системи во државата.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK