Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во градинките не добиле плата

ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во градинките не добиле плата

Сподели

Жртви на неодговорното владеење и лагите на СДСМ се вработените во градинките, обвинија денес преку партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Дали за градоначалникот Константин Георгиески е во ред тоа што вработените во детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сѐ уште не ги добиле своите плати? Власта на СДСМ да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15 во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец? Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска ги оставија вработените без основната егзистенција за живот. Наместо да се фали со нeвистинити мерки за покачување на платите, министерката Царовска да одговори зошто на почеток на годината плататата на група вработени во градинките им беше намалена за околу 900 денари? Синдикатот веднаш да застане во одбрана на вработените, но исто така да реагира и за неземените плати на вработените во образованието и културата. На ваквото деструктивно владеење треба да се стави крај, граѓаните на Охрид заслужуваат подобро, стои во соопштението нс ВМРО-ДПМНЕ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK