Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид И во август повеќе туристи во однос на лани

И во август повеќе туристи во однос на лани

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2019 година изнесува 216 321, а бројот на ноќевањата изнесува 904 740.

 

-Бројот на туристите во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 2.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.6 %. Бројот на домашните туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 0.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.7 %.Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 0.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.4 %, информираат од Државниот завод за статистика. 

Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.7 %.

Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за 3.2 %.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK