Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид најпогоден од недостигот на кадар во угостителството

Охрид најпогоден од недостигот на кадар во угостителството

Сподели

 

 

Најголем дефицит на стручен кадар има во секторот угостителство. Секојдневно има огласи дека се бараат готвачи, помошници во кујна,салатери, бармени,келнери, собарки, хигиеничарки и слично.

 

Угостителите од Охрид и Струга се жалат дека тешко наоѓаат кадар особено во сезона кога имаат зголемен обем на работа. Потенцијалните работници од друга страна не сакаат да работат заради ниските плати кои им се нудат, сезонлноста на работата и немањето слободни денови и годишен одмор.

Според експертите сосотојбата е алармантна и мора да се преземат мерки за решавање на овој проблем.

- Кадарот келнер и готвач се многу дефицитарни. Навистина ќе се соочиме со една сериозна ситуација. Мора да размислуваме длабоко во оваа насока..0244 Од в година уште повеќе ќе има затоа што има голем одлив. Моментално келнерите апсолутно се редок примерок во нашиот град, најверојантно ќе се покачуваат платите, меѓутоа тоа не значи дека секој може да биде келнер. Значи за висока плата мора да биде професионален келнер. Да биде ценета професија која бара свој профил на личност со вештини за да може да ја работи таа работа“, вели Ангела Крстаноска професор на ФТУ.

Стручните кадри готвачи, келнери, бармени во потрага по подобар живот ја напуштаат земјава и сезонски работат по туристичките места во Бугарија, Хрватска, Чешка и Грција. Тешки се условите за работа во земјава, велат мастер шефови заминати во странство.

-„Отидов во Чешка и другите држави пред се` да ги запознаам нивните кујни и да стекнам поголемо искуство надвор од нашата држава, да се надградувам самиот себе и да се вратам овде во градот и да го донесам светскиот тренд во гастрономијата. Од една страна финансиите кои и сметам дека не се главен порблем ние овде немаме толку добри услови во кујните. Сопствениците треба да се загрижат дека треба да се вложува во кујната да се носи нова апаратура, да не остане на таа старата апаратура. Сите хотели имаат скара и рингли ретко имаат машини за суво готвење и шок машини за одржување на месото“, вели Влатко Георгиески мастер шеф од Охрид, кој работи во Чешка. 

Охрид е најпогоден со недостигот на стручен кадар во угостителството и туризмот. Иако има и средно угостителско училиште младите не се заинтересирани да градат кариера во овој сектор. Угостителите се немоќни да понудат пристојни услови за работа во текот на целата година, бидејќи кратка е туристичката сезона, па затоа вработувањата им се претежно од сезонски карактер.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK