Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кривична одговорност за бунгаловите во кампот Свети Наум

Кривична одговорност за бунгаловите во кампот Свети Наум

Сподели

Кривична одговорност за изградбата на бунгаловите во авто капмот Свети Наум. Јавното обвинителство гони петмина меѓу кои поранешниот министер Зоран Коњаноски и екс министерот за одбрана Фатмир Бесими. 

 Министерството за одбрана потрошило 315.000 евра за изградба на туристички бунгалови во автокампот Свети Наум во Охрид, а на терен не функционира ниту еден од осумте планирани.

Нова ТВ  открива дека неколкуте карабини кои се изградиле и се оставени да пропаѓаат седма година по ред, се изградени од неквалитетен материјал и не ги исполнуваат стандардите за таков тип бунгалови. Во врска со ненаменски потрошените пари, за кои постојат сомнежи дека е можно дел да завршиле и на приватни сметки, што уште се проверува, Јавното обвинителство во Охрид пред неколку месеци поднело кривична пријава против петмина.

Прв на листата е поранешниот министер за одбрана, Зоран Коњановски во чие време започнала целата операција, истовремено со најавата за проектот „АРМ мој вистински дом“ што се претвори во фарса, а наводно требаше да се обезбедат станови за армиските старешини. И ова со кампот во Свети Наум е вистинско промашување и за разлика од скандалот со становите кои никогаш не видоа ни темел, во случајот со бунгаловите постои штета по државната каса и токму затоа обвинителството судски ги гони и екс министерот за одбрана Фатмир Бесими, екс државниот секретар во министерството, Петар Есмеров и уште двајца вработени во секторот за недвижнини.
Сега се очекува старт на судски процес во кој четворица ќе одговараат за бесправна градба, додека Бесими е пријавен за непријавување кривично дело. Детали од кривичната пријава не сака да открие никој затоа што информациите за случајот се класифицирани како доверливи, пишува Нова ТВ. 

Изградбата започнала без одобрение за градба

Како откривме дека има кривична пријава за двајца поранешни министри, еден на ВМРО ДПМНЕ, другиот на ДУИ и тројца нивни соработници? – Голем дел од досието за случајот со бунгаловите се класифицирани и тешко е да се добијат, а забрането е да се изнесуваат детали, но потрагата нè однесе до други документи кои не се класифицирани, а од кои може да се извлече заклучок што се случувало
на терен и како во периодот од 2009 година до 2011 година наместо да се гради според планот, се импровизирало, на крај останале само руини.

Имено, постојат договори на Министерството за одбрана со неколку градежни фирми, секоја од нив имала своја задача во проектот и сите имале договори на различни износи, но вкупната сума е околу 19 милиони денари. Градежните фирми имале задача да изградат осум бунгалови во состав на воениот камп кај Свети Наум. Договори биле склучени со „Вурдформ“, „Тргошпед“ и „Компанија Велковски“ во врска со инсталациите, водоводната мрежа, градбите и сето останато за комплетен туристички центар.

Целиот текст ТУКА 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK