Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ова се првопласираните во турнирот во баскет

Ова се првопласираните во турнирот во баскет

Сподели

Традиционалниот турнир во Баскет 3x3 кој го организира ЈП Билјанини Извори со поддршка на Општина Охрид а по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид ги доби првопласираните три екипи како и најдобриот изведувач на тројки на турнирот.

 

Во вчерашната завршница први на сцена излегоја полуфиналистите и тоа Ликвид - НОА и Дента Медика - Алпојо. Во првото полуфинале екипата на Ликвид победи со резултат 15:11 додека во второто победи екипата на Алпојо со резултат 10:15. По полуфиналните натпревари прво се одигра натпреварот за трето место каде екипата на Дента Медика го победи тимот на НОА со 14:15. Пред големото финале се одржа натпреварот во тројки на кој се пријавија 8 учесници а наградата за најдобар је освои Драгослав Лихванчев - Гаго со постигнати 14 тројки во една минута. Најдобриот изведувач ЈП Билјанини Извори го награди со оригинал кошаркарска топка. Супер финалето навистина беше супер и многу интересно до самата завршница со многу атрактивни потези и пред се фер плеј игра. Овогодишен победник и освојувач на големиот кошаркарски трофеј од турнирот во Баскет 3x3 2019 година е екипата на Ликвид која во големото финале ја совлада екипата на Алпојо со 15:13. На првопласираните три екипи организаторот на турнирот им додели медали, торфеј и паричен износ и тоа 15 000 денари за прво, 7 000 денари за второ и 4 000 денари за трето место. ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите екипи кои учествуваат на турнирот, на сите поддржувачи и пријатели на турнирот. Дружењето, рекреацијата и градењето на фер плеј и почит се голем мотив за ЈП Билјанини Извори така што со нетрпение го очекуваме третото издание на Баскет турнирот и се надеваме дека уште поголем број на учесници ќе имаме со посебен акцент на помладата популација.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK