Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Сојузот на борци ќе го одбележи 11-ти Ноември во Сливово

Сојузот на борци ќе го одбележи 11-ти Ноември во Сливово

Сподели

Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца  по повод 76 годишнината од формирањето на Првата МКНОУПБ на 11 Ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ "Дебрца"

 

Во 1943 г. во селото Сливово, Дебарца, е формирана ПРВАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА. Била формирана од над 700 борци од македонскиот баталјон "Мирче Ацев", Дебарско-Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон "Рамиз Садику", Вториот косовски баталјон "Борис Вукмировиќ" и една придружна чета на ГШ на НОВ и ПОМ. Во својот состав имала Македонци, Срби, Црногорци, Албанци, Турци, Италијанци, а подоцна и Руси. Водела борби за заштита на слободната територија во Дебарца од германските сили и балистите, како и против бугарските сили во Крушевско, Ресенско и Охридско, по што, заедно со ГШ на НОВ и ПОМ и ЦК на КПМ, го презела маршот преку планината Галичица на 5/6 декември 1943 г. кон планината Кожув до Мегленско во Егејскиот дел на Македонија. Патем во селото Герман на 11 декември 1943 г., им се придружил и Баталјонот "Стив Наумов". Кога на 18 декември 1943 г во селото Фуштани, Мегленско, Егејски дел на Македонија, била формирана Втората македонска бригада, во која влегол и еден баталјон од Првата македонско-косовска бригада, па заедно со неа и со други воени единици на НОВ и ПОМ воделе успешни борби со германските и бугарските сили во Меглен и Мариово. Бригадата учествувала во Февруарскиот поход во првата половина на февруари 1944 г., во кој поминала околу 300 км. Во селото Долно Радово, Мегленско, на 12 април 1944 г. Бригадата била поделена на Група македонски и Група косовски баталјони и била упатена кон Дебарца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско од 29 април до 6 мај 1944 г., Дебарца била повторно ослободена. Успешно дејствувала и во времето на Пролетната офанзива во Македонија од 8 мај до 4 јуни 1944 г. во Дебарца, Струшка Малесија, долж комуникацијата Струга-Дебар, Мавровско и Гостиварско. Подоцна од Групата македонски баталјони била формирана Првата македонска бригада на 8 јуни 1944 г., а од Групата косовски баталјони била формирана Првата косовско-метохиска бригада на 24 јуни 1944 г. Бригадата била прогласена за Петнаесетта пролетерска бригада на 2 ноември 1951 г., одликувана со Орден народен херој, Орден на народното ослободување на Југославија и Орден на братството и единството со златен венец.

Програма на свеченоста на  11.11.2019 - понеделник: 


10:00 с.Сливово
- Положување свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово.
- За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја.
- Посета на спомен домот.

11:30ч
- Положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во с.Белчишта и на бистата на Трајче Дојчиноски.
- Посета на ликовната изложба во ОУ "Дебрца" во с.Белчишта.

12:00ч
- Свечена програма по повод Патрониот празник на ОУ "Дебрца" во с.Белчишта .

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK