Нед12152019

Последна промена03:50:34 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Прениското летање на хеликоптерот предизвика штети кај Чинарот

Прениското летање на хеликоптерот предизвика штети кај Чинарот

Сподели

Прениското летање на  полицискиот хеликоптер кај Чинарот во Охрид предизвика страв кај граѓаните,  но и штети кај Чинарот во Охрид. 

 Летаа чадори, саксии со цвеќиња, столови и преплашени  мали деца, раскажуваат очевидците. 

Попладнево околу 16 часот полицискиот хелокоптер предизвика страв и паника кај охриѓани.  Според исказите на оевидци хелокоптерот летал премногу ниско речиси до оревот кај ресторанот „Стар Чинар“ со што предизвикал штети. Паднале неколку чадори и повеќе саксии со цвеќиња.

-Граѓаните беа преплашени, не знаеа каде да се скријат. Летаа сакции беше страшно. Хеликотерот леташе прениско, можам да кажам над дрвото над нашите глави. она беше  надвор од сите безбедносни пропишани стандарди. Граѓаните беа преплашени бегаа викаа. Страшна и срамна глетка. Вистинска среќа е што немаше повредени , раскажува сопственикот на ресторанот „Стар Чинар“ Стојче Митрески за Охринет.ком. 

Од охридската полиција ги отфрлуваат обвинувањата од граѓаните. 

 -Ангажманот на хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, денеска во Охрид беше во функција на реализирните неопходните безбедносни мерки што се спроведуваа во врска со Регионалниот состанок на шефови на држави и влади од западен Балкан. Единствено слетување и полетување на хеликоптерот е извршено од аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид со еден прелет на подрачјето на градот и со строго придржување кон пропишаните безбедносни стандарди за лет на воздухопловот во градска средина, објаснува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Фотографии: 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK