Нед12082019

Последна промена03:37:38 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Поправен и повторно во функција ангиографот во „Кардиолошки“

Поправен и повторно во функција ангиографот во „Кардиолошки“

Сподели

Поправен  и повторно ставен во функција ангиографот  во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид. 

После едномесечен застој и поголем дефект , болницата   повторно ги опслужува  пациентите во регионот.

Веќе од вчера  се прават  коронарографии и стентирања со ангиографот, што служи за третман на пациенти со акутен инфаркт, чиј број постојано расте.

 Над 4600 пациенти месечно се третираат во кабинетите на специјалната болница. Над 2000 дијагностички интервентни процедури и над 2500 пациенти годишно се згрижуваат во одделот за интензивно лекување.

 „Тоа е една огромна бројка . Јас можам да кажам дека по апарат значи процедурите и дијагностичките процедури псотојано се зголемуваат  и можам да кажам дека и соодносот апарат пациент  или апарат доктор исто така е многу висок во нашата установа што  е за почит. Бројката на пациенти односно  континуираниот пораст на пацинети во суштина  зборува за задоволството на пациентите од нашите услови и квалитетот на услугите што ни е особено драго. Тоа е како резултат на нашиот тимски ангажман и секако големиот труд кој го вложуваме во третман на пацинетите од целиот регион и пошироко’“, вели Елена Коваческа Башуроска директор на болницата.

Болницата располага со доволен стручен едуциран медицински кадар, кој постојано се доедуцира.  Проблем се само сместувачките капацитети,  кои се очекува да се решат со преселувањето во  болницата „Свети Еразмо“.

Сместувачките капацитети не се на завидно ниво тука треба многу да се вложува меѓутоа ете се трудиме бројката на пациенти повеќе  е веројатно заради медицинските услуги отколку за сместувачките капацитети. Максимално се трудиме да се справиме со сите проблеми, кои што ги имаме поради стариот објект, поради просторните услови и сето тоа“, додава Башуроска.

Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања  Охрид е втора по големина во земјава. Нјголемиот проблем во здравствената установа, која опслужува илјадници пациенти годишно  се скапите сервисирања на десет години стариот ангиограф.

 Раководството не ја крие  потребата од уште еден ангиограф и современи просторни услови , кои се очекува да се решат во новиот објект  што  се гради во „Свети Еразмо“.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK