Пет12062019

Последна промена08:44:45 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Отворен центарот за аутизам во Охрид

Отворен центарот за аутизам во Охрид

Сподели

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам, во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

 

Непосредно по увидот во изјава за новинарите, градоначалникот Георгиески укажа на значењето на Центарот за лица со аутизам. – Во рамки на своите определби и заложби да креираме општество кое нуди еднакви можности за сите Општина Охрид ги подржува ваквите проекти и во рамки на своите ингеренции секогаш застанува зад нив. Со отворањето на Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам, покажуваме дека има постепено поместување во перцепцијата и ослободување од предрасудите за лицата со посебни потреби. Важно е да се сфати дека создавањето на амбиент во кој лицата со аутизам ќе имаат подобар живот , не е привилегија за нив. Тоа е неопходност преку која овие лица полесно ќе ги совладаат пречките со кои се соочуваат на патот кон остварување на нивните права. Само на тој начин, општеството демонстрира зрелост и обезбедува почитување на достоинството за сите свои граѓани еднакво. Лицата со аутизам и воопшто со пречки во развојот се наш дел, наше секојдневие . Оваа категорија на граѓани, заедно со нивните најблиски, постојано се во состојба на вложување натчовечки напор за минување на еден ден. Затоа сите заедно во рамки на можностите треба максимално да се заложиме , да преземеме мерки и активности за да им обезбедиме полесно функционирање . Тоа е тема која треба и мора широко да се отвори и да се дискутира – рече градоначалникот Георгиески. На настанот присуствуваа и Заменик министерот за здравство Армент Арслани, чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан и претставници од Стопанската комора на Македонија. Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“ и е поддржан од Министерство за здравство кое ги отстапи просториите за сместување на Центарот во болницата „Св. Еразмо“.Реконструкцијата и опремувањето на просторот е финансиран од амбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Република Северна Македонија. Наредниов период се очекува, во Охрид да биде отворен и Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром. Центарот за деца на возраст од 2 до 8 години ќе биде сместен во охридската Општа Болница. Со отворањето на овие два центри Охрид ќе прерасне во регионален центар за грижа за лицата со аутизам. Центрите ќе ги опслужува високо професионален тим составен од: специјални едукатори, рехабилитатори, логопеди, семејни и клинички психолози. Освен третманите на лицата со аутизам ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел подобра грижа на лицата со аутизам.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK