Нед12082019

Последна промена03:37:38 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Откриена наколна населба во Далјан

Откриена наколна населба во Далјан

Сподели

Нова наколна населба досега непозната за архелошката јавност е откриена во рамки на истражувањата спроведени во третата кампања од проектот „Погранични студии-Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија во регионот на Охридското Езеро".

Како што соопштија од Археолошкиот музеј од Скопје, станува збор за палафитната населба кај месноста Даљан на брегот на Охридското Езеро. Таа потекнува од крајот на бронзеното време т.е. од пред три илјади години Локалитетот е откриен во рамки на истражувањата, поточно во трета фаза од поширок проект што со финансиска поддршка на Министерството за култура и Карловиот универзитет од Прага го спрведуваат Археолошкиот музеј од Скопје и Карловиот универзитет, Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице, Геолошкиот истражувачки центар од Р. Чешка, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и Музејот од Струга „д-р Никола Незлобински". Со истражувањата беа земени и преку сто примероци на почва, остатоци од дрва и друг органски материјал кои во рамките на проектот со модерни технологии ќе бидат направени најразлични анализи како: анализа на полен, анализа на макроостатоци, дендрологија и дендрохронологија, седиментологија, хемиска анализа на почва, датирање со изотоп C14 и биохемиски анализи. Со резултатите кои очекуваме да ги добиеме од овие анализи сметаме дека ќе можеме подетално да ја реконструираме археолошката слика на регионот во првиот милениум пред н.е..

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK