Вчера имало приведување во охридската чаршија
- Детали
- Објавено на Петок, 29 Ноември 2019 16:16
Приведени биле двајца кои имале ножеви кај себе.
Како што информираат од канцеларијата за односи со јавноста во охридската полиција, „на 28.11.2019 година околу 13.30 часот, во СВР Охрид приведени се М.Д.(44) од струшкото село Октиси и Е.Ш. (39) од Охрид.“
-При преглед извршен на улицата „Св.Климент Охридски“, кај нив е забележано ладно оружје-нож кое веднаш е одземено. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..