Нед12082019

Последна промена09:04:00 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Наскоро ќе биде отворен затворениот пазар во Охрид

Наскоро ќе биде отворен затворениот пазар во Охрид

Сподели

Надминати се сите правни нејасонотии и проблеми во јавното приватно партнерство и наскоро затворениот  пазар во Охрид ќе биде пуштен во употреба. 

 

Со задоцнување од речиси две години,  поради правни бариери  охриѓани конечно ќе имаат модерен пазар. 

-„Договорот кој што општина Охрид го има потпишано со приватниот партнер  стои во него дека после станување правосилно одобрението за градба а тоа е први февруари 2017 година јавниот партнер во рок од 12 месеци треба да го изгради пазарот. Значи рокот бил први февруари 2018 година. Кога јас станав градоначалник  договорот за јавноприватно партнерство беше со пробиен рок општината не беше обезбедена немаше банкарска гаранција и таа беше со поминат рок. Ние го анализиравме целиот тој предмет бидејќи  е голем проект. Направивме две вештачења кои покажаа дека од оправдани причини е пробиен рокот. Во повеќе наврати приватниот партнер барал помош од општината но не било одговорено. Општината имала обврски во однос на дислокација на некои цефки. Јас обезбедив нова банкарска гаранција од приватниот партнер  и ја обезбедив општината. Потпишавме анекс за продолжување на рокот и сега тој договор е до 31 12 годинава   и помина на седница. Конечно градот ќе добие затворен пазар. Тоа е наследен проект кој ние го продолживме“, појаснува градоначалникот Константин Георгиески. 

Овој проект го започна минатата локална власт, а го доврши сегашната. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK