Нед12082019

Последна промена09:04:00 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид го одбележа Светскиот ден за борба против СИДА

Охрид го одбележа Светскиот ден за борба против СИДА

Сподели

Под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“ Црвен крст Охрид, Центар за јавно здравје Охрид и Опција Охрид го одбележаа 1 декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.

Волонтерите и вработените во овие организации на бројните посетителите на штандот, на околните кафулиња, на минувачите им делеа едукативен материјал, им ставаа црвени панделки на реверите како универзален симбол за постоењето СИДА-та како болест и како поддршка за оние кои живеат со болеста, ги едуцираа со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, делеа кондоми, а во амбулантното возило на Црвен крст Охрид се вршеа бесплатни и доверливи тестирања на присуство на ХИВ вирусот во крвта.

Активностите продолжуваат и во текот на Неделата на борба против СИДА од 1-7 декември 2019 со реализација на интерактивни едукативни работилници за младите, обука на врсничи едукатори за ХИВ/СИДА и тестирање за ХИВ статусот кај младата популација.

И оваа година активностите се поддржани од  организацијата Canadian for Children at Health Risk од Канада.

          Овој настан беше и можност хуманите луѓе да донираат финансиски средства за помош во лекувањето на нашиот сограѓанин Тачо.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK