Вто08042020

Последна промена03:26:05 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Инспекторите ја „чешлаат“ работата на концесионерот на Охридското езеро

Инспекторите ја „чешлаат“ работата на концесионерот на Охридското езеро

Сподели

Инспекциските служби на министерството за земјоделие ја „чешлаат“ работата на концесионерот на Охиридското езеро, фирмата ,,Летница Белвица", која е во сопственост на стружанецот Милорад Чавковски од месец октомври.

 

„Излезени се на терен Државниот инспекторат за земјоделие, трудова и пазарна инспекција и се чека извештајот од нив кој ќе покаже дали има злоупотреба во работењето на концесионерот.Доколку се утврди дека обвинувањата на рибарите се вистинити ќе ве информираме за мерките кои во иднина ќе се преземат." – велат од Mинистерството за земјоделие за 24 Вести.

 

Рибарите пред десетина дена јавно раскажаа за злоупотребите,  кои ги прави концесионерот. Обвинија дека Чавковски работи на црно, им исплаќа пари на рака, не им дава договори за работа, рибите ги откупува по најниска цена, а на многумина од нив им должи огромни суми на пари кои не сака да им ги исплати.

Обвинуваат и дека самиот незаконски си поставил подконцеионер кој му ги врши ,,валканите работи”.

Чавковски, пак од друга страна,  остро ги отфрлува  ваквите  обвинувања на дел од рибарите.

Вели дека работи законски во целост, негира дека постои подконцесионер туку рибочувар кој само му помага во работата. Договорите за работа им биле раскинати за месеците ноември и декевмри, бидејќи според законот тие месеци биле забранети за лов на пастрмка и белвица на одреден дел од струшкото крајбрежје.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK