Вто08042020

Последна промена03:26:05 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Потребни се современи центри за лекување зависност

Потребни се современи центри за лекување зависност

Сподели

Потребно осовременување на Центарот за превенција и третман на болести од зависност во Охрид.

Зависниците се жалат  дека нема доволно  простории за ресоцијализација и рехабилитаација.

Пред центарот да се пресели во градската болница, пред околу три години, на старата локација  имаше повеќе простор. Соби  опремени со  комјутери, просторија за резбање, тоалети  и  двор, каде имаше можност за меѓусебна дружба и разговор. Сега  состојбата е за секоја критика. На пациентите  само им се издава терапија.

Од Центарот за ТВМ велат потребно е отворање и на нови вакви центри во другите градови, бидејќи  40 пациенти од Струга и 30 од Кичево редовно патуваат во центарот во Охрид.

-„Ние во овој простор сме три години и се опреми некако со стандарди за да се издава терапија секако требаи во другите градови да има. Ако ви кажам дека 30 тина се од Кичево или 40 тина од Струга значи половина од пациентите се од друг град колку што се од Охрид само се наметнува дка има потреба“, вели Весна Лаброска шеф на Ценатрот за лекување зависности.

Во Центарот недостига и медицински персонал. Нема  психолози и стоматолози , има еден општ лекар и три медицински сестри кои опслужуваат 170  пациенти зависници од целиот регион.

-, Еден општ лекар и три медицински сестри. Што мислите за рехабилитациони центри кои ги има низ светот? Имало различни обиди затоа што треба да се детофикцираат претходно нод нелегално супстанции пред третман и после се почнува со третман. Лично сметам дека ова е добар начин. Можеби треба повеќе персонал, повеќе поддршка, повеќе центри. Стигмата и предрасудите идат од незнаењето ако повеќе луѓе се запознаат ќе има повеќе услови за третман“ додава Лаброска.

За потешките завсници во светот има посебни соби за безбедно инјектирање. Кај нас зависниците тоа го прават по улици, на што  често граѓаните реагираат во кругот на болницата.

-„За тие што неможат да ја побеат интровенстака зависност има еден третман  во светот во поразвиентиот свет се видело дека одреден процент на луѓе не можат да ја победат таа злоупотреба и за нив се достапни соби за безбедно инјектирање. Имаме ли ние таква соба? Не. За тие луѓе треба друг вид третман, додава Лаброска.

Во светот има современи рехабилитациони центри  во кои зависниците се згрижуваат  на подолг временски период  и добиваат комплтен третман.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK