Пет06052020

Последна промена09:02:37 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Познати се наградените творби по литературниот конкурс за „Св.Климент“

Познати се наградените творби по литературниот конкурс за „Св.Климент“

Сподели

Добитниците треба утре да се пријават во локалната.

По завршувањето на распишаниот конкурс од страна на Општина Охрид за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта, жири комисијата во состав Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Голабоска (член) и Митре Велјаноски (член) донесе одлука за најдобрите, од вкупно пристигнатите 27 поетски творби посветени на животот и делото на Св. Климент Охридски.
Жири комисијата одлучи во првата категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградата да се подели на творбите „Св. Климент“ под шифра „1009062009“ и „За Охрид – за Климентовиот“ под шифра „И јас сум дете на Климент“ .Наградата во втора категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) ѝ се доделува на песната: „ Климент во охридска прегратка“ под шифра: „Лихнид555“ . Наградата во трета категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) ѝ се доделува на песната „Потрага“ под шифра: „Климентов аманет“.
-Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 06. 12. 2019 г. (петок) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале, соопштуваат од локалната.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK