Приведен коселчанец , го малтретирал семејството и нападнал полицаец
- Детали
- Објавено на Понеделник, 09 Декември 2019 16:47
Приведен жител на Косел кој нападнал полицаец додека биле на увид за семејно насилство.
-На 08.12.2019 околу 14.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид во селото Косел, го лишија од слобода И.Ѓ.(57) поради извршен физички напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија во неговиот дом а по претходна пријава од неговиот син дека, тој ги малтретирал членовите на семејството. И.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на охридската полиција.