Сре01292020

Последна промена07:26:52 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Потресна вест: Јана ја загуби битката со ракот

Потресна вест: Јана ја загуби битката со ракот

Сподели

Тажна и потресна вест. Јана не издржа, по долго боледување ја загуби битката со ракот.

Почина храбрата охриѓанка, со позитивна мисла и посебен дух. Прекрасна личност полна со ентузијазам и живот. Јана блескаше со позитивна енергија и желба за живот.  За жал денес замина од овој свет. 

За неа изминативе месеци  се собираа средства за лекување во Барселона, Повеќе од два месеци се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана Арсовска на клиниката во Барселона. Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

Инаку спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.

Јана веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана. Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаеја премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата одеше со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK