Саб01252020

Последна промена12:30:54 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Традиција во Охрид и Битола: Со вртење паричка се слави Василица

Традиција во Охрид и Битола: Со вртење паричка се слави Василица

Сподели

Во југозападниот регион од земјава во градовите  Охрид и Битола парето се врти за Василица. 

 

Мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Најчесто во Битола на  овој ден го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година. Во Охрид постарите семејства тоа го прават во „топеница“ , некои во колбурек, питулици или комат  во  некои од овие  специјалитете се врти парето.

Оваа традиција  се негува со децении. За разлика од другите градови како Скопје Куманови и источна Македонија, каде што паричка во леб се крши за Бадник. 

На Василица во овој регион сите вртат паричка. Едно дома меѓу најблиските во семејството, друго во друштвото со најблиските роднини и пријатели, трето на работното место....

Никој не го испушта овој адет. Вртењето на паричка е од дамнешно време поврзано со празникот Василица. 

Верувањето произлегува уште од IV век во градот Кесарија во Мала Азија.  За тоа зошто се става паричката за Василица стои историја за Божјиот угодник свети Василиј Велики кој бил стана Архиепископ Кесариски. Додека епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да оди со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно дошол, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да го однесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограбил градот. Тој никогаш повеќе не се вратил, ниту пак им здодевал на верниците од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер, не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој ставил накит и златници. На денот на Новата Година, кога сите луѓе ошле во црквата, тој на секого им дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на Свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стариот календар) да се меси лепче со паричка во него.

 Инаку, во овој регион за Православна нова година се палат и Василичарски огнови. Голем дел ид граѓаните слават покрај маалскиот оган со домашни колбаси и вино.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK