Саб01252020

Последна промена12:30:54 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Утрово литургија во Богородица Каменско

ФОТО: Утрово литургија во Богородица Каменско

Сподели

Утрово  на празникот Обрезание на Господ Исус Христос и на споменот на св. Василиј Велики, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. 

 

По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен на Нова Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

-Преку верата во Исуса Христа ние ја примивме таа светлина на мудроста и силата на Божествениот почеток за да ја победиме сопствената немоќ и нашата ограниченост. Преку верата во Него ние биваме исполнети со Неговиот божествен живот, како што вели апостолот Павле: „И вие да имате полнота во Него" (Кол. 2, 10).Денеска исто така навлегуваме во новата 2020 година. За верните христијани тоа значи дека влегуваме во духовно и благодатно општење со родениот од пресветата Дева Марија – Синот Божји, за да биде секогаш во нашиот духовен живот. Така, животот на секој човек постанува ново поле за обновување и секоја нова година треба да ни биде мотив за нови подеми. Затоа потребно е секогаш да се трудиме да бидеме во општење со Бога, за и ние да бидеме исполнети со Неговиот живот.Исто така, денеска го прославуваме и свети Василиј Велики – големиот учител на светата Црква. Овој Божји угодник го знаеме како писател на монашки правила и на неговата света Литургија која ја служиме десет пати во годината, истакна Тимотеј. 

svvasilij2020 8

svvasilij2020 15

svvasilij2020 16

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK