Вто02182020

Последна промена12:52:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Повик за доделување субвенции за туристичка такса

Повик за доделување субвенции за туристичка такса

Сподели

Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност во општина Охрид.

 

Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање. Висината на Субвенцијата ќе изнесува 80% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.07 – 31.12.2019 година.

Регистрираниот давател на услуги од мал обем (станоиздавач) ќе биде обврзан за средствата во висина од субвенционираната Туристичка такса да набави опрема, мебел и други производи за опремување неговиот сместувачки капацитет. Набавката претходно мора да биде одобрена од Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Охрид. Исплатата ќе се врши по приемот на фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

Вкупниот износ на субвенциите не смее да го надминува предвидениот износ одобрен во Програмата Г2 за тековната година. Во случај на пристигнати барања за субвенции во вкупен износ поголем од предвидениот со Годишната Програма, ќе се применува принципот „прв дојден – прв услужен“ се до исполнување на предвидениот износ.

Крајниот рок за пријавување е до 31.01.2020 год.

Начинот и видот на субвенционирање на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност во општина Охрид е пропишан со Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност, а истиот е составен дел на повикот.

НАПОМЕНА: Субвенциите не покриваат извршување на градежни активности.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK