Пон09282020

Последна промена11:28:35 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Изложба „Охрид/Поглед од другата страна“

Изложба „Охрид/Поглед од другата страна“

Сподели

На 19 јануари со почеток во 12 часот во Завод и Музеј ─ галерија „Куќа на Робевци“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Охрид/Поглед од другата страна“.


Изложбата „Охрид/Поглед од другата страна“ претставува јавна презентација на проектот „Многу луѓе─многу погледи“ организиран од страна на Центарот за креативни индустрии─НЕБО, а поддржан од програмата „Европски денови на културното наследство“ во рамки на повикот „Приказни за европското културно наследство“.
На изложбата „Охрид/Поглед од другата страна“ се изложени селектирани фотографии кои учесниците имаа прилика да ги изработат за време на нивниот тродневен контакт со културното наследство на градот Охрид, како и ликовни дела инспирирани од истиот настан.
Целта на приказната „Многу луѓе─многу погледи“ е да се претстави и сподели македонското културно наследство ситуирано во градот Охрид како дел од големото европско културно наследство, преку очите на маргинална група─психијатриски пациенти.
Проектот е реализиран во соработка со ЈЗУ „Психијатриска болница“ од Демир Хисар а петте учесници: Гајтана Врбовска, Каролина Луческа, Снежана Неделковска, Ерол Етемовски и Јане Крстески.
Куратори на изложбата се Стефан Шашков и Јасмина Котевска.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK