Сре09232020

Последна промена10:25:30 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Илјадници верници на осветувањето на водите на Охридското езеро

ФОТО: Илјадници верници на осветувањето на водите на Охридското езеро

Сподели

Повеќе од десет илјади граѓани денеска беа дел од Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици во Охрид.

Ниските температури и студената вода, не беа пречка за неколку стотина верници кои запливаа по светиот крст во осветените езерски води. Најсреќен помеѓу нив беше Петар Рупески, кој годинава го фати крстот по петти пат.

-Иако ми е петти пат имам чувство дека го фатив крстот по прв пат, под големи импресси сум. Се надевам дека и оваа година, како и изминатите ќе ми донесе многу успех и среќа. Годинава очекуваме зголемување на фамилијата што е посебна радост, посакувам здравје и успех кај сите фамилии и сите христијани кои го слават празникот Водици, истакна 30-годишниот Рупески.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески во името на Општина Охрид на среќниот фаќач на крстот му подари осветена икона од Свети Јован Крстител и пригодни подароци.

-Упатувам честитки до Петар Рупески и упатувам честитки до сите верници кои го прославуваат праникот Богојавкление-Водици. Задоволен сум од организацијата на годинешната манифестација и тоа што се помина во најдобар ред. Оваа манифестација е од исклучително значење за нашиот град и вистинска радост за охриѓани, за нашите гости и за целиот православен свет. Годинава се потрудивме да обезбедиме и соодветна забавна програма која значително придонесува за надополнување на целокупната празнична атмосфера. Вчеравечер на градскиот плоштад концерт имаше балканска ѕвезда Петар Грашо и овој музички настан привлече многубројна публика, рече градоначалникот Георгиески.

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и утре на 20-ти јануари со Денот на рибарите, односно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини и концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.

И оваа година се организира подготовка на рибна чорба во голем казан, која ќе биде послужена на сите гости. Оваа манифестација ќе се одржи напладне на Градскиот плоштад.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK