Вто02182020

Последна промена12:52:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Двајца тепачи приведени во полиција

Двајца тепачи приведени во полиција

Сподели

Двајцата со физички напад го нарушиле редот и мирот.

Синоќа во 19.40 часот, пред угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и агресивно однесување од Љ.С.(45) од Охрид, кој потоа и физички нападнал вработен во обезбедувањето.
-Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

Портпаролот информира и за уште едно нарушување случено на 18 овој месец. Според неговите информации, „на 18.01.2020 година 23.30 часот, на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Б.(21) врз С.И.(25), двајцата од Охрид. Напаѓачот е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK