Пет02212020

Последна промена08:10:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Тројца гинеколози во охридската болница, дежураат секој трет ден

Тројца гинеколози во охридската болница, дежураат секој трет ден

Сподели

Недостиг на специјалисти гинеколози болна точка во охридската болница.

На Гинеколошкото одделение моментално редовно работат само тројца гинеколози. Мимоза Хиса која е началник на одделението, и уште двајца млади доктори Горан Маркоски и Катерина Попоска .Еден лекар веќе подолго време е на боледување, а уште една докторка одамна е суспендирана.

фото д-р Горан Маркоски 

Тројцата лекари месечно имаат по десет или единаесет дежурства, што е премногу за еден лекар.

фото -д-р Мимоза Хиса и Катерина Пппоска 

- „Кога сме кај персоналот тоа е најболната точка на целото здравство. Последните години се судруваме со голем проблем. На прво место недостаток на доктори специјалисти гинеколози, поради многу причини се намали бројот на доктори специјалисти на нашето одделение. Моментално работиме тројца гинеколози специјалисти. Многу тешко, многу често дежураме пожртвуани се во интерес на градот и пациентите за да не згасне ова одделение, вели доктор Мимоза Хиса началник на Гинеколошкото одделение.

Во тек е специјализација на двајца лекари. Еден од нив е доктор Владо Устијаноски, кој завршува специјализација кон крајот на годинава. Колегите со нетрпение го чекаат засилувањето.

 

фото д-р Владо Устијаноски 

- „Моментално имаме уште двајца доктори кои што се на специјализација. Едниот од нив треба набрзо да се врати додека другиот колега само што започна со специјализација и би посакале да имаме многу повеќе персонал поготово лекари специјалисти кои се недостаток“, додава Хиса.

Нехумано е секој трет ден да се дежура по 24 часа. Не можат да користат ниту одмор, ниту слободни денови. Па затоа по потреба на припомош доаѓаат доктори од скопските клиники.

- „Морам да потенцирам дека поради недостаток на кадар на нашето барање за помош од колеги од други градови ни се возврати со помош од страна на колегите од Гинеколошка клиника кои што доаѓаат повремено по наши потреби за да дежурираат на нашето одделение во период во кој ние се договараме. Морам да потенцирам дека освен лекари гинеколози имаме неонатолози вработени на нашето одделение петмина на број кој се грижат за нашите новороденчиња“, појаснува Хиса.

Иако се тројца редовни лекари гинеколози , тие со сите сили и напори пожртвувано навремено и успешно ги решаваат проблемите на родилките.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK