Нед03292020

Последна промена06:49:24 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ќе се намали бројот на јавни претрпијатија во Охрид

Ќе се намали бројот на јавни претрпијатија во Охрид

Сподели

Ќе се намали бројот на јавните претпријатија во Охрид, пишува ТВМ телевизија.

Градоначалникот Константин Георгиески најави фузирање на постоечките се со цел рационализација и намалување на трошоците на истите. „Градски пазар“ повторно ќе биде дел од ЈП „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ ќе биде заедно со „Водовод“, а ќе се формира едно ново јавно претпријатие за градски паркинг, зимско одржување на улиците и за пајак служба. Проблем ќе се само спортските објекти кои сега се заедно со градскиот паркинг, но со завршувањето на градскиот базен сето тоа ќе се вклопи во една работна единица како дел од некое од постоечките јавни претпријатија.

„Тука никој нема да биде избркан од работа, но после извршувањето на тоа фузирање ќе следува процес на рационализација и намалување на бројот на вработени. Ќе изготвиме правилник, дали тоа ќе е интерен акт или со одлука на совет да предвидиме опремнини или други бенефиции за луѓето кои ќе се одлучат да се префрлат од јавно претпријатие во приватен сектор“, вели градоначалникот за ТВМ телевизија. 

Овој начин на кој сега функционираат јавните претпријатија не е одржлив на долг рок, вели градоначалникот. Години наназад општината издвојуваше пари за да им дава работа на јавните претпријатија за да можат да опстојуваат.

„Ние можиме како општина да продолжиме и понатака да го правиме тоа, но навистина е нелогично на општината да ја чини помалку да распише тендер за одредена работа и да заврши побрзо и поефијкасно отколку да и ја даде работата на пример на Нискоградба, а морам да работам со јавните претпријатија за да се рентабилни“, вели градоначалникот.

Но, сето ова зависи од деблокирањето на жиро сметката на општина Охрид. Доколку во текот на оваа година не се направи тоа, нема ништо од идејата за реорганизација на јавните претпријатија, дециден е градоначалникот.

ТВМ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK