Пон09282020

Последна промена11:28:35 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нова фекална канализација во Рача

Нова фекална канализација во Рача

Сподели

Деновиве се изведуваат завршните работни активности од правата фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.

 

Се работи за одводна мрежа во должина од 320 метри и соодветни приклучни шахти. Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2019 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа предвидени 1.092.560 денари. Работните активности на терен ги изведува фирмата „Бокоп“.

Во тек е подготовка на тендерска документација за објавување на Јавен повик за изведување на втората фаза од оваа канализациона линија, која е предвидена во Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK