Пон09282020

Последна промена11:28:35 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Полицајците „уловија“ пастрмки и рибарски мрежи

Полицајците „уловија“ пастрмки и рибарски мрежи

Сподели

Полициската акција била изведена кај Пештани.

Охридската полиција посветена и во борбата против рибокрадството. На 27.01.2020 година во 19,45 часот, при преземени мерки на подрачјето на населбата Пештани, полициските службеници запреле патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки.
- Притоа, од возилото, излегле две лица и започнале да бегаат по што исфрлиле една вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка а по преземени мерки, констатирано е дека патничкиот автомобил е управуван од И.Л.(56) од Пештани, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK