Пон09282020

Последна промена11:28:35 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Лекарка од Струга 10 години бара работа, одбиена и на последниот конкурс

Лекарка од Струга 10 години бара работа, одбиена и на последниот конкурс

Сподели

Лекарка по 14 пат конкурира за вработување во општа болница Охрид и е одбиена.

34 годишната Сања Горевски од Струга десет години бара вработување во здравствените установи во земјава.

И на последниот конкурс во февруари годинава повторно е одбиена за вработување во охридската болница.

-„На жалост мора да известиме за уште еден пример на лошо водена постапка за вработување, нетранспарентна.

Имено, Општата Болница во Охрид, спровела постапка на вработување без истакнување на ранг листа и транспарентност во процесот.

Колешката Сања веќе поминува низ 14-тиот оглас и иако на стручниот дел е убедливо прва и има работно искуство од 10 години, не може да добие работа.
Очигледно дека главниот проблем е во локалните шерифи кои не ги следат и почитуваат законите“, обвинуваат граѓани на социјалните мрежи.

Минатата година лекарката била одбиена и од вработување во стушката болница.

Сања во интервју за порталот Здравство.мк , лани рече дека во изборот на кандидати не одлучува директорот ниту посебна комисија, туку локалните партиски моќници. Револтирана е на тоа како се делат местата, а за себе вели дека не е член на ниту една партија и заради тоа не може да се вработи.

-„Досега работа барав на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во Здравствен дом во Струга. Секаде сум одбиена без никакво образложение, само ја добивав Одлуката со одбиените кандидати и толку“, изјави Сања Ѓоревски, лекарка која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје за Здравство.мк.

Таа од 20 година конкурила на сите конкурси но до ден денес се уште е без работа.

Од Општата болница од Охрид ги отфрлуваат обвинувањата.

-„Постапката беше согласно закон, се е транспарентно , нема повреда на законот“, велат од охридската болница за Охриднет.ком.

новинар Соња Рилковска 



  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK