Пет02212020

Последна промена08:10:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ученици од Охрид ќе учествуваат на трибината „Твоја Европа, Твој збор“

Ученици од Охрид ќе учествуваат на трибината „Твоја Европа, Твој збор“

Сподели

Во  посета на  училиште СОСУ,,Св.Кирил и Методиј’’-Охрид, вчера беше  Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, за да подготви делегација на студенти на трибината,,Твоја Европа, Твој збор’’ (Your Europe Your Say), за Европската младина која ќе се одржи подоцна во Брисел во март 2020 год .

-„Особена чест и задоволство ни е што ја имаме привилегијата нашето училиште да е единствен македонски претставник на оваа трибина. Г-дин Хакен ќе работи со нашите ученици: Сара Настевска, Михаела Тиковска и Стефан Јосифовски под менторство на наставникот Катерина Симјаноска. На учениците кои ќе учествуваат од цела Европа ќе им биде поставена задача да изнесат конкретни мерки што треба да се преземат во училиштата, клубовите и ќе имаат можност да учествуваат во повеќе активности во Брисел каде ќе ги искажат своите ставови како млади жители на Европа и да се стекнат со познавање и размена на мислења со врсниците од земји членки од Европската Унија и кандидати за членство во Унијата. Училиштата се избрани од над 400 апликанти од 28 земји-членки на ЕУ и од 5-те земји кандидатки. Главната цел на овој настан е да осигури дека ставовите, искуствата и идеите на младите се земени предвид при креирањето на политиките на ЕУ“, информираат од училиштето. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK