Саб04042020

Последна промена03:51:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид развива спортски туризам

Охрид развива спортски туризам

Сподели

ЈП Билјанини Извори успешно ја продолжува соработката со Српската агенција Спорт плус од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми. После нашето учество на првите Компаниски спортски игри кои се одржаа во Грција минатиот септември и плодните разговори и планови кои ги имавме и зацртавме со агенцијата сведоци сме на уште поголемото интензивирање на соработката помеѓу двата правни субјекти а во интерес на целокупниот развој на спортски туризам во Охрид.

 

Имено од 02.02. до 02.03. 2020 година Охрид и СРЦ "Билјанини Извори" се домаќини на три фудбалски клубови, ФК Црвена Звезда, ФК Вождовац и ФК Графичар со повеќе од 200 фудбалери генерација 2004 и 2005. Покрај организираните припреми фудбалските тимови ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари со наши генерациски соодветни фудбалски клубови и школи. СРЦ "Билјанини Извори" во 2020 година во континуитет е домаќин на фудбалските тимови од соседните држави, Р. Србија, Р. Албанија, Р. Бугарија и Р. Косово. Ако месец јануари беше припремен месец на сениорските фудбалски тимови месец февруари слободно можеме да го именуваме како месец на припреми на фудбалските подмладоци од клубовите од соседните држави, информираат од ЈП Билјанини извори.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK