Вто04072020

Последна промена04:20:18 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Црвен крст Охрид ќе ја одбележи Неделата на срцево-садови заболувања

Црвен крст Охрид ќе ја одбележи Неделата на срцево-садови заболувања

Сподели

Активностите ќе отпочнат во понеделник, на 24-ти февруари.

Со активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања, охридскиот Црвен крст ќе ја одбележи Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари).Во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, во понеделник, на 24-ти февруари, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид, д-р Виолета Мојсовска, ќе одржи предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови.
Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Доколку не се превземат соодветни мерки, до 2030 година, 23,6 милиони луѓе, секоја година ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари). Статистичките податоци за Македонија покажуваат дека и кај нас срцево-садовите заболувања се водечка причина за смрт. Дебелината, неправилната исхрана, пушењето и физичката неактивност се главните причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики и животен стил се се’ почести меѓу децата и адолесцентите. Токму тоа е период кога со навремени и соодветни постапки може да се насочи развојот на детето во зрела личност, одговорна за своето здравје, здравите животни стилови и со фактори на ризик сведени на најмала можна мерка.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK