Пет04102020

Последна промена10:59:06 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Многу прашања упати ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид до Заев

Многу прашања упати ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид до Заев

Сподели

Охридскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ со прашања му посака добредојде на Заев.

Во нивното соопштение стои: „Добре дојдовте во Охрид господине Заев, но дозволете за момент да ви ги тргнеме розовите очила и да Ве прашаме што точно сте направиле со СДСМ за Охрид и туризмот во Охрид? Најпрво би сакале да слушнеме како патувавте до Охрид? Нели го видовте правиот пат Кичево-Охрид и нели истиот Ве потсети на вашето неработење? Дали го видовте пристапот до аеродромот во Охрид - првиот впечаток на туристите за нашиот балкански Ерусалим? За потсетување е фактот дека и од Стопанската комора и од Здружението за угостителство и туризам се констатираа позитивните резултати што во изминатите 10 години го даде субвенционирањето воведено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вашата Влада наследи развиен туризам и ваша должност беше барем да го одржувате! А, што направивте вие и СДСМ? Ги нанижавте дивоградбите, донесовте живот за урбаната мафија која, само прашање на време е кога ќе ни го голтне УНЕСКО статусот! Не креиравте ниту една мерка за унапредување на квалитетот и содржината на туристичкиот производ. Сѐ уште лебди изработката на Стратегија за развој на туризам, а нема ништо ни од ветуваниот нов концепт за развивање и промоција на здравствениот, спортскиот, верскиот и конгресниот туризам. Кажете ни колку атрактивни манифестации се организираа надвор од летната сезона, како и настани за промоција на алтернативен туризам како што се посета на руралните подрачја, планинарење, велосипедски тури, летање со параглајдери, нуркање и спортови со пловни објекти? И на крај кога сè ќе се собере, ако си го поставите повторно прашањето што направивте вие и СДСМ за Охрид, одговорот сам по себе ќе ви се наметне, а тој одговор гласи едно огромно НИШТО! И додека ги броиме ефектите од неправењето НИШТО за позитивни промени во областа на туризмот, со нетрпение очекуваме да дојде 12 април за конечно туризмот да го преземат оние кои докажаа дека туризмот може континуирано да оди напред“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK