Пет04102020

Последна промена11:14:51 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Прилепчани лажно се претставиле пред полицајците

Прилепчани лажно се претставиле пред полицајците

Сподели

Тие заработиле кривична.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп, Д.К.(35) од Прилеп, З.Р.(36) од Охрид и К.М.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело “фалсификување исправа“ и “злоупотреба на лични податоци“, додека второ, трето и четврто пријавените поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “помагање“. На 22.07.2019 полициски службеници при утврдување на идентитет на четворицата во населбата Пештани-Охрид, утврдиле дека првопријавениот покажал фалсификувана лична карта со негова слика, а со име од друго лице. Врз пријавените извршен бил преглед при што пронајдени биле предмети кои биле наменети за вршење на провални кражби. Пријавените се повикани во СВР Охрид и при извршување на разговори првопријавениот повторно приложил фалсификувана лична карта со негова слика, а второ, трето и четврто пријавените знаеле дека првопријавениот користи фалсификувана лична исправа и врши злоупотреба на друго лице но истите го прикриле делото.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK