Пет04102020

Последна промена09:22:47 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Десетина хотели во земјава привремени карантини, во Охрид „Десарет“

Десетина хотели во земјава привремени карантини, во Охрид „Десарет“

Сподели

Десетина хотели од земјава привремени карантини. Меѓу нив и охридскиот хотел „Десарет“, каде уште вчера беа донесени првите граѓани, кои се вратија од странство во земјава.

 

Во каранттините важат строги емрки на заштита. 

Сите се обврзани да не ги напуштаат собите, а дека ќе биде така на секој кат дежура полиција. Храна им се остава пред врата од лица облечени во заштитна опрема, а на ист начин се собира и отпадот, во иста кеса. Постелнина им се менува на седум дена, а секој петти ден ќе се прави целосна дезинфекција на објектот. Меѓу тие во карантин во „Стон бриџ“ има и мајка со дете, при што на сите таму под посебни услови семејствата можат да им носат потребни работи меѓу 11 и 12 часот.


Досега сите што се сместени во карантин се донесени од граничните премини, а само 7 со авион од Полска, но бројот на вториве ќе се зголеми со уредба на владата која ќе отвори пат за ваков трансфер. Вчера Министерството за надворешни работи извести дека тие што ќе дојдат со авион на организиран начин ќе треба да си ја платат авионската карта, а понудена им е можноста за одложено плаќање на рати.

-За објектите се утврдуваат режимите за обезбедување, посебните простории за лицата кои покажуваат симптоми на вирусот, критериумите за исхрана, доставата на пратки (пакети) за потребите на лицата на кои им е определено мерка строга изолација (карантин), мерките за дезинфекција, работата на персоналот или волонтерите, собирањето смет и други потребни технички работи, извести вчера Владата.

Во моментов граѓани во карантин има во хотелот „Ибис“ и во „Стоун бриџ“ во Скопје, во „Фламенго“ во Гевгелија, во хотел „Михајло“ во Кавадарци и во „Десарет“ во Охрид. Се заедно обезбедени се 1.500 хотелски сместувања, при што сите се сместуваат во соби по еден или максимум двајца. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK