Пет05292020

Последна промена11:11:36 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Приведени две лица при обид за тешка кражба

Приведени две лица при обид за тешка кражба

Сподели

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 30.03. до 07.00 часот на 31.03.2020 година, 4 лица (Охрид-1, Струга-2 Дебар-1) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

-Во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и не се регистрирани сообраќајни незгоди. На 31.03.2020 година, околу 01.00 часот, во СВР Охрид приведени се С.Б.(18) од охридската населба Рача и А.Ш. со привремен престој во Охрид, кои се фатени при обид за тешка кражба во стовариште во истата населба. Против нив, ќе биде поднесена кривична пријава. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, евидентирани се 8 нови лица со решение за изолација и извршени се 88 контроли на евидентираните лица со решение за изолација (Охрид-49, Струга-5, Кичево-5, Дебар-29). Истовремено, евидентирани се 15 нови лица во самоизолација (сите од Дебар) и спроведени се 371 контроли врз лицата во самоизолација(Охрид-113, Струга-139, Кичево-24 и Дебар-95). Во Охрид, регистрирани се два случаи на непочитување на мерките за карантин. Полициските службеници извршија 118 контроли на угостителски објекти, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 


Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамки на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.
Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK